Мистична или минималистичка, рустична или индустриска, спалната соба е вистински показател за животниот стил на сопственикот. Кога се машките спални соби во прашање, првото нешто кое ќе го забележите е едноставноста во уредувањето, без оглед на тоа дали станува збор за катче на млад ерген, семеен човек или сериозен заводник. Креветот е најчесто едноставен и во неутрални бои, но суптилно зачинет со ,,сочни’’ акценти. Во продолжение, ви претставуваме селекција на 30 феноменално уредени машки спални соби, со убави и креативни решенија за сечиј вкус и стил. Уживајте во разгледувањето на фотографиите и пронајдете ја омилената тема и за вашето катче за одмор и опуштање. За повеќе идеи за двата пола, пак, погледнете ги првиот дел, вториот дел, третиот дел и четвртиот дел од серијата објави посветени на модерни спални соби.