Ви претставуваме ентериер со површина од 45 метри квадратни, кој е одличен пример за модерно, практично и младешко уредување на животниот амбиент. Конципиран е како двособен стан со кујна, а изобилува со паметни и рационални решенија за складирање и заштеда на простор. Дневниот престој, работното катче, кујната и трпезаријата функционираат како една компактна целина, комуницирајќи меѓу себе во планот со отворен распоред. Белата боја доминира во ентериерот, давајќи ја основата на ѕидовите во секоја просторија, а облагородена е со топлиот дрвен под и мноштвото колоритни и разиграни детали. Станот располага и со засебна спална соба со ормани, ходник со гардеробер, како и мала, но солидно екипирана бања. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот дом.