Ceci Lam е талентиран илустратор од Хонг Конг. Таа изработува цртежи кои наликуваат на диорами ставени во кристални стаклени ѕвона со најразлични облици: коцка, триаголник, трапез, шестоаголник, круг и сл. Преку овие креативни цртежи, авторката на интересен и уметнички начин прикажува годишни времиња, секојдневни активности, пејсажи, ликови и сѐ она што нѐ опкружува и од кое таа ја црпи својата инспирација. Погледнете за што станува збор во продолжение.