Овие фармерки се апсолутен хит, во права смисла на зборот. Ако сакате да ја освежите својата гардероба, поиграјте си со овој стил, а ние ќе ви го претставиме моделот кој за исклучително кратко време стана хит фармерка на сезоната.
Се работи за фармерки со реси на работ на ногавицата, што фармерките ги прави cool со изгледот, а за фактот дека сите очи ќе бидат свртени кон вас, не мора ни да зборуваме.
И ние во Дивианартс, не сме единствените кои копнееме за нив, туку и инстаграм е преплавен со фотографии од овој пар фармерки кои сите светски модни блогерки и икони на стилот така лежерно и cool ги носат, да едноставно не можеме а да не ги посакаме….