На оваа прекрасна фотографија на авторот Симон Тонг, се прикажани утринските сончеви зраци како продираат низ облаците на небото над Мачу Пикчу во Перу. Познатата престолнина на Инките изградена во 15от век се наоѓа на 2430 метри надморска височина во планински предел над Светата Долина. Легендарната локација денес е туристичка атракција, а за што била наменета во минатото- сѐ уште останува мистерија.