Веќе во 2017 година постои можност за астронаутите да патуваат кон меѓународната вселенска станица со помош на летала на приватни компании. Една од нив е Space X на Елон Муск која е во процес на доработување на внатрешноста на капсулата каде што ќе престојува екипажот. Капсулата “CREW DRAGON”изгледа како од научно-фантастичните филмови, а всучност е опремена како кабина на луксузен автомобил. Во нејзе се наоѓаат седум седиштаизработени од јаглеродни влакна. Погледите на астронаутите се вперени кон управувачката конзола и екраните со бројни информации. Покрај нив ќе има и четири прозорци за разгледување во текот на патувањето, како и клима уред со кој патниците ќе имаат можност да прилагодат температурата помеѓу 18 и 27`Ц степени. Капсулата поседува и безбедносен систем во случај на незгода. Во продолжение погледнете како изгеда внатрешноста на капсулата!!