Најновото филмско остварување на познатиот режисер Ридли Скот со одлична екипа на актери како Мет Дејмон, Џеф Дениелс, Џесика Честејн, Кристен Виг.
За време на мисија на Марс се случува голема бура и астронаутите мислат дека нивниот колега Марк настрадал. Но, тој преживува и одеднаш се наоѓа сам на непозната и непријателска планета. Исплашен дека нема да може долго да преживее, оставен е да се снаоѓа сам и да се обиде да пронајде начин да испрати сигнал до Земјата дека е сѐ уште таму.
Филмот е веродостојна адаптација на истоимениот роман. Одличен за сите авантуристи и љубители на научна фантастика. Според критичарите, ова е едно од најдобрите остварувања на Скот во последниве години.
Ако сакате возбудливо сценарио надополнето со одлична фотографија и ефекти, ова е филм за вас. „Марсовец” е филм кој ги прикажува способностите на човештвото разумно да се справи со проблемите на денешницата.
Погледнете го трејлерот во продолжение.