Менувањето на годишните времиња е секогаш идеално време за да го подновите декорот во станот, посебно кога есента е во прашање, бидејќи нуди богата палета на бои и инспирација.
Лисјата паѓаат и боите се менуваат, есента не мами, повеќе време да поминеме надвор на прекрасните прошетки. Затоа не е ни чудно зошто тоа чувство сакаме да го внесеме преку дизајнот во енериерот во нашите домови. Топлите портокалови, кафени, жолти и црвени бои , најубаво ја опишуваат есента која сакаме да ја имаме дома. Октомври со себе ги носи сочните портокали – топлата сончево портокалова боја, која создава чувство на двоен шик ефект – сама, и совршено оди со шумските бои – на домот дајте му живот и со длабоко зелената и сините нијанси кои можеме да ги видиме на паунот.
Го обожуваме златно – црниот тренд кој е сифистициран и култен, а таквиот тренд бара и луксузна постелнина, меки материјали и волна, и мек диван за одмор.