The Concrete Box House (Куќа од бетонски кутии) е проект на американското архитектонско студио Робертсон Дизајн. Концептот се темели на јапонската традиција на изградба на куќи, особено со влезната дрвена врата што ротира, но има еден поинаков, модерен дизајн. Структурата на овој објект се состои од три кутии: дрвена кутија и две бетонски кутии со различна големина. Во внатрешноста, просториите се едноставни, со големи прозорци што овозможуваат природна светлина.