Во нашето постојано барање за импресивен дизајн, наидовме на Лемонграс, шарен ресторан кој го осмислиле дизајнерите од агенцијата Einstein & Associates, во Богор на Јава – Индонезија, кој потсетува на тропски рај. Проектот е современ со тропски бои и растенија, дизајниран посебно како би се стопил со природата. Самата зграда е сместена во средиштето на убаво дизајнирана тропска градина, кој е во суптилна врска со Богор, па така станува симбол на мирот и едноставноста на умот.
Четирите различни делови го прават целиот изглед на ресторанот – главната кујна, просторот со масите поставени на свеж воздух, внатрешниот простор со маси на вториот кат и на крај, просторот со масите на кровот. Кога влегувате низ главниот коридор кон саканата маса, звуците, прскање со вода и мирисот од свежите растенија, создаваат незаборавно искуство. Еден од најдобрите елемнети на дизајнот е мозаичкиот под кој оддава силна енергија и боја. Материјалите се од дрво, камен, и теракoтни плочки и сето заедно создава исклучителен визуелен ефект.