Ентериерот кој ви го претставуваме ќе ви се допадне поради комбинацијата на боите и материјалите кои се користени при уредувањето. Во просторот доминира темно дрво, извонредно изработено и во комбинација со зелена и сина боја. Секоја соба е функционална и убаво декорирана, а вниманието го привлекува модерениот камин во дневната соба кој внесува топлина и хармонија во просторот. Мебелот е дизајниран по мерка, така што секој агол во станот е паметно искористен.