Постојат места низ светот на кои времето и современиот живот не им можат ништо. Тоскана е место во кое секогаш ќе живее средновековниот дух на Италија. Место кое не тежнее кон новите начини на живот и во кое човек секогаш ќе може да земе здив и да ужива на вистински начин. Во таа романтична Тоскана се наоѓа и хотелот Il Borro, еден од најстарите имоти во Италија чии денешни сопственици се семејството Ферагамо. Традицијата на дружење и уживање овде продолжува и денес, во овој прекрасен хотел и идеално место за одмор.
Во хотелот се среќаваат разни стилови и детали од минатото и сегашноста. Просторот е елегантно уреден во класичен тоскански стил. Минатата година, Il Borro беше реставриран и збогатен со модерни детали, но во рустикален амбиент. Во склоп на хотелот се наоѓаат и неколку ресторани каде се подготвува традиционална италијанска храна, а можете да ги пробате и најдобрите вина од регионот. Со сигурност може да се каже дека Il Borro е дефиниција за безвременост и совршен спој на минатото и сегашноста.