Овој стан изобилува со елементи по кои е препознатлив скандинавскиот стил, вклучува функционалност, природни материјали и креативна употреба на боите. Иако не е исклучително минималистички како поголемиот број на скандинавски домови, сепак остава впечаток како се да е на свое место со своја цел па на духовит начин го интерпретира нордискиот стил на уредување. Дневната соба не е многу голема, но е со отворен концепт и добар избор на бои кои заедно допридонесуваат за пријатна атмосфера. Воглавно е употребена неутрална палета на бои, пругаст тепих и сива класична софа. Но изборот на смела портокалова фотеља и различните модели на перници го прават овој простор забавно, креативно место.