Старaта англискa традиција диктира дека невестата треба да носи “нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино” на денот на нејзината свадба, и судејќи по фотографиите на венчаница, Абигејл Кингстон “стариот” дел го одработи повеќе од совршено!
Абигејл Кингстон, по потекло е од Пенсилванија, и за својата свадба ја одбра венчаницата стара 120 години, која е во нејзиното семејство 11 генерации по ред – од невестата на невестата. Првата невеста која ја носеше ова навистина убава венчаница беше Mary Lowry Warren, која се омажи во 1895 година. Последните невеста која го носеше овој фустан е нејзината мајка, Leslie Kingston, кој се омажи во 1991 година.
Но фустанот води постојана битка со времето. По 200 часа макотрпна реставрација од експерт, Abigail фустанот можеше да го носи само во текот на една кратка фото сесија – музејски примерок како овој, не би можел да се справи со луд танц на свадбата.