Високи потпетици! Симбол кој се поврзува со префинетост, женственост, луксуз и сексапил. Се смета дека првите високи потпетици во светот на модата ги промовирала Катерина Медичи, сопругата на тогашниот француски крал. Сакајќи да ја импресионира пошироката јавност со оглед на фактот дека била висока само 1,50 см таа го нарачала својот прв пар на чевли со потпетици од 5 сантиметри. Подоцна високите потпетици биле забранети да се носат во јавност до моментот кога модната куќа “Dior” во 1954 година за прв пат ја лансираше своја колекција на високи потпетици наречена “Stiletto”. Од тогаш салонките стануваат омилен дел од облекувањето на дамите. Тие никогаш не излегуваат од мода и секогаш се актуелни и се вклопуваат во секој “outfit”. Секоја сезона модните дизајнери ширум светот лансираат нови колекции во сите дизајни и бои на високи потпетици. Ние избравме неколку модели за вас, погледнете и уживајте!