Некогашен празен и тесен простор сега трансформиран во модерен и динамичен стан кој лебди над градот. Се работи за стан со површина од само 65 метри квадратни со поглед на градот. При уредувањето, дизајнерите со цел да заштедат на просторот дел од кујната сместиле под скалите изработени од црн метал, а самата кујна е дирекно поврзана со дневната која води кон балконот. Во целиот ентериер употребени се африкански графички дезени. Стаклениот мост кој се наоѓа наспроти скалите, додава дополнителен простор на горниот спрат искористен за мала домашна библиотека. Исто така на вториот спрат сместена е и спалната соба со вграден плакар и мала елегантна бања.