1.Секоја разделба со тебе, за мене значи страдање, затоа размисли пред да ме земеш, и не ме земај како играчка, додека сум мал, за подоцна да ме отфрлиш.
2.Сакај ме таков каков што сум, бидејќи јас немав можност да избирам пријател и господар, а и јас те сакам таков каков што си.
3.Биди стрплив со мене, остави ми време да разберам што бараш и што очекуваш од мене, имај доверба во мене зашто мојот живот зависи од тебе.
4.Никогаш не се лути на мене и немој за казна и без причина да ме тепаш и затвораш, затоа што ти имаш свои пријатели, работа и разонода, а јас те имам само тебе.
5.Зборувај понекогаш со мене, зашто јас иако не ги разбирам сите зборови, го препознавам твојот глас и знам кога ми се обраќаш мене.
6.Доброто или лошо однесување со мене, никогаш нема да ти го заборавам, затоа размисли пред да ме искараш, преиспитај се, можеби и ти грешиш или јас неможам да разберам што бараш од мене.
7.Размисли пред да ме удриш, бидејќи јас имам јака челуст и остри заби, кои не сакам да ги употребам на тебе, а подготвен сум да се жртвувам за тебе до последен здив.
8.Староста е иста за сите живи суштества, затоа грижи се за мене кога ќе остарам, кога ќе бидам болен и таа добрина никогаш нема да ти ја заборавам.
9.Испрати ме на моето последно патување како пријател, зашто тоа е долг за верноста и убавите години поминати заедно.
10.Секој ден, нека ти биде радост.
“Оскар“ – Живко Новески
(извадок од книга)