Една сурова реалност, режирана од Baltasar Kormákur, која безмилосно ќе си поигра со Вашите емоции и ќе успее да ја убие секоја перцепција која ќе ја изградите во врска со завршетокот. Овој филм не може да се предвиди затоа што е според вистинска приказна, а животот дефинитивно не се предвидува.
Инспирацијата за да се документира оваа случка од 1996 произлегла од самиот предизвик да се пристигне до можеби највисокиот врв на светот. И секако да се преживее на самиот пат. Битката меѓу природните предизвици и цврстиот човечки дух. Но, Ве предупредуваме, Еверест ги држи сите конци во рака.
Погледнете колку лесно може да се игра со човечката психа и колку е тешко да се преживее во суровата природа. Ако сте авантурист во срцето, ова е дефинитивно филмот за Вас.
Издвојте 128 минути за ова адреналинско патување низ кое ќе Ве одведат главните улоги: Џејсон Кларк, Џош Бролин, Џон Хокс и Емили Вотсон.