Грузија е некогашна република која припаѓаше на некогашниот Советски Сојуз, а сегашна Русија. Највисокото село во Европа се наоѓа токму на територијата на оваа руска република и тоа на надморска височина од 2191м. Селото се вика Ushguli и се состои од четири помали селца т.е од Zhibiani, Chvibiani, Chazhasi и Murqmeli. Ова рустикално село на прв поглед изгледа запустено, а како и да не биде со оглед на неговата оддалеченост од другите околни села. Овде владее традиционалниот грузиски начин на живот. Селото брои околу 200 жители. Освен што има училиште во селото се наоѓа една од најстарите цркви во Европа заштитена од страна на УНЕСКО. До ова село може да се дојде со автомобил, но вистинските авантуристи до овде доаѓаат и со помош на велосипеди. Во продолжение почувствувајте го духот на животот во највисокото село во Европа преку овие прекрасни фотографии!! Желбата за патување и за доживување на вистинска авантура се присутни кај сите од нас, па да ја доживееме и оваа авантура заедно!!