Ако сте како нас, вистински фанови на “Господарот на прстените” и “Хобити”сигурно веќе сте запознаени со изгледот на Толкиновото идилично место Shire, реално на географската карта, мал земјоделски град во регионот Waikato на Нов Зеланд. Кога снимањето е завршено, оваа локација е претворена во спектакуларна постојана атракција со 44 филмски куќички, со мостот и со ресторанот Green Dragon Inn and Bar.
Целата тура започнува со живописната фарма со овци од 1250 акри и вистинскиот дом на Bilbа и Frodo Baggins. Можете дури и да ручате во посебниот ресторан Зелениот Змеј Бар на традиционалниот Хобит саем и да се напиете oд локалното пиво. Звучи прилично неверојатно, нели? Дури и ако не ви се допаѓаат овие филмови, со оглед на тоа колку идилично и убаво изгледаат на фотографиите, мислиме дека ќе уживате.