Aпартманот, кој ви го претставуваме денес содржи се што ви е потребно: убаво организиран и искористен простор, многу светлина и совршена мешавина на различни парчиња на мебел кои одлично се вклопуваат. Кујната, трпезаријата и дневната соба се поврзани во една соба која е исполнета со светлина. Кујната вклучува подвижен ѕид, така што еден дел од просторот за чување е скриен, а еден мал шанк со барски столчиња ја поврзува кујната со трпезаријата. Бањата се наоѓа помеѓу јавните и приватните соби во станот, што секогаш е добро решение. За да не завземаат многу простор, полиците за книги во дневната соба се сместени во вид на вдлабнати на ѕидот.