Црвени, жолти, зелени, во форми на sвоно, круша, топка, со мазна или рапава кора. И секоја е интересна na свој начин. Станува збор за декоративнa тиквa, најстарата билна култура. Декоративни се и служат како дополнување на есенските и зимски цветни аранжмани.
За да направите аранжман од тиква, користете тикви со различна големина, минијатурни декоративни тиквички, разнолико сезонско овошје , суви листови, суви треви, свежо сезонско цвеќе и плетени корпи. Декорирајте пред влезната варата и уживајте… Задоволството е големо!