Најдобро е чувство кога вашиот дом ќе го уредите, така што кога по долг и напорен ден ќе се вратите дома, ќе се чувствувате удобно и тоа ќе е местото каде што сакате да бидете. Ви претставуваме два ентериера дизјанирани од дизајнерот Јулија Буто, која ги уредила за своите клиенти многу модерно, во светли бои и удобни материјали. Во секој од ентериерите е употребена основната палета на бои која се состои од бела, беж и светло сива, со додавање акцент на живите бои. Мебелот е претежно изработен по мерка и целосно прилагоден на просторот и потребите на сопственикот. Резултатот се прекрасни украсени домови во кои совршено функционира елеганција и удобност.