Модната недела во Њујорк заврши, па да направиме мало резиме. Кои се трендовите кои ги видовме на модните писти во Њујорк, што можеме да очекуваме за пролетта 2016 година и каква облека ќе носиме следната сезона?
Судејќи според тоа што го видовме на модните ревии, ќе имаме многу модели со фалтички, линии и многу други трендови. Ние за денес одбравме топ 4 трендови, кои од сите видени ни оставија посебен впечаток, делумно заради својата едноставност и носивост, а делумно затоа што ја потенцираат женственоста. Едвај чекаме да ги видаме идната пролет, во интерпретација на познатите high-street брендови.
1, Слип фустаните се вратија!
На модната недела во Њујорк, многу дизајнери инспирирацијата за пролет 2016 ја пронајдоа во долната облека. Од свилени огртачи до топ-градници, очигледно брендовите на ум ја имале спалната соба, кога размислувале за претстојната сезона. Едно парче кое посебно се истакна е слип фустанот што се лизга по телото, кој својот голем момент го имаше уште во 90-тите.
2. Фантастични линии
Без разлика дали сакате наутички принтови или претпочитате шарено, линиите беа голем тренд на модната недела во Њујорк за пролет-лето 2016 – од вертикални до хоризонтални, многу дизајнери се одлучија за овој графички изглед, во создавањето своите колекции.
3. Црвено секси цвеќе
Цвеќињата се секогш трендовски кога станува збор за пролет-лето сезона, но во 2016 година многу дизајнери одлучија да создадат црвени цветни примероци со големи три-димензионални цветови. Наместо пастелни, следната сезона ќе се носат моќни и женствени цветни принтови.
4. Прекрасни фалтички
Друг тренд кој апсолутно вледееше на модните писти во Њујорк, за сезоната пролет 2016 година се – фалтичките. Можеби изгледа старомодно, но овој пат дизајнерите ги направиле извонредно модерно, па фалтичките се направени помали за сосема нов, микро ефект. Следната пролет ќе видиме многу фалтички!