TG-студиото, ја редизајнираше фармата на шпанскиот остров Ибица, со цел да им служи на потребите на модерното живеење на жителите.
Имотот се состои од семејната куќа со три спални, кој е опкружен со два хектари бујна градина во која се наоѓаат две дополнителни куќи, секоја со по две спални соби и апартмани. Газдите кои го купија имотот неколку години порано, почувствуваа дека е неопходно целосно преуредување на ентериерот. Поради ограничувањата на понатамошно проширување на имотот, TG-студиото мораше се да направи во рамките на постојните објекти, што не го намали импресивниот резултат koj е постигнат.
Дизајнот на “Ibiza House” е убав спој на рустикален стил и модерни детали. На влезот ќе ве пресретне отворен дневен простор и простор за јадење, потоа агол за читање и камин кој создадава пријатна атмосфера. Сликарство му дава уметнички сенс на просторот, додека двата покривни прозора истакнуваат голем број на бои и текстури. Ни се допаѓа бидејќи дрвото е главниот избор од материјалите во ентериерот и екстериерот – од таванот со цврсти дрвени греди па се до различниот мебел.