Кога порано ќе помислевте на банка, помислувавте затворен простор со „тежок“ мебел од махагони дрво со детали од месинг, еднолично светло, чувар на врата и еден ваш изгубен час од денот. Гледајќи ги филијалите кои во моментов се направени во Европа јасно ни стана дека работите се менуваат.
Mакедонски архитекти направија промена на тој концепт во банкарството.
Radius Architects креираа нов лик и функционалност на германски бренд во банкарството-ПроКредит Банка Македонија.
Минимализмот во дизајнот е еден од водечките правци веќе скоро еден век, но во ова време исполнето со исклучително многу дразби, визуелни и звучни, минимализмот е уште по актуелен.
‘’Главна грешка која често се прави во архитектурата е кога ќе се заборави дека просторот ќе биде исполнет со луѓе, со различна светлина, звуци и мириси. Тогаш тој е „накитен“. Се добива простор сам за себе. Слика. Од друга страна минимализмот има хумаистички пристап. Ги прифаќа луѓето. Просторот претствува подлога. Не е главен, главен е човекот. ‘’велат од RADIUS
Отвореност на банката кон клиентите и кон идните клиенти.
RADIUS :‘’Концептот на отворен простор дозволува непосреден контакт. Нема стриктна граница. Не сте бројче во редот. Целта беше да создадеме простор каде како клиент нема да осеќате притисок и нелагода која ја има во „традиционалните филијали“ туку простор кој ќе го чуствувате Ваш.’’
Слобода на самиот клиент да избере начин на кој ќе ги користи услугите на банката- појдовна точка за дизајн на самиот мебел.
RADIUS :Концептот на ПроКредит банка за поделеност на филијалата на дел со автомати кој работи 24 часа и дел со вработени, беше почетна точка за функционално решавање на просторот во експиозитурите. Едноствноста на дизајнот на елементите во делот на автоматите е со цел тие да се лесно воочливи за клиентите. „Змијулестата“ форма во делот за советување на клиенти е најпогоден за прилагодување во различни простории. Традиционалиот конвексен „негативен лак“ кој го имаат повеќето заоблените пултови го заменивме со конкавен. На тој начин клиентот не се одбива туку се прифаќа, има главно место во просторот.
Избор, припадност, смиреност.
RADIUS: Од нас се очекуваше да го промениме концептот на „традиционалните“ филијали со шалтери. Како прво избор. Да постои функционална, безбедна и модерна можност да ја завршите работата по електронски пат во 2 часот наутро или да разговарате седнат на иста маса со вработен во филијалата. Како второ да чувствувате припадност, дека сте во Ваша банка и во Ваш прстор. И како трето смиреност. Битно ни беше да направиме смирен, ненападен простор. Одењето во банка да не биде уште една стресна дестинација во денот каде неволно ќе одите.
Photo by – Andrijana Tilic
‘’Брендот го прават вработените. Дизајнот само треба да ја раскаже нивната приказна. Успешен дизајн за успешен бренд е ако тој добро ја пренел таа приказна. Лично мислам дека успешно ја пренесовме приказната за ПроКредит банка.’’ изјавија од RADIUS
Radius Architects – генијалците кои стојат зад овој проект
Од лево кон десно: Мартин Пановски, Јана Гугуловска, Александар Наумчески, Душица Диновска