Креативниот директор на Gucci, Alessandro Michele, со неверојатна брзина остави свој белег на овој луксузен бренд – и мораме да признаеме дека новата кампања на колекцијата за 2016 година е фантасична! “Во мојата колекција се наоѓаат повеќе нијанси на суптилен и мултидимензионален романтизам, и се обидувам да бидам што подалеку од сексуалноста”, вели Alessandro за неговите креации.
На новата рекламна и на фотографиите на кампањата, поддржани од страна на Glen Luchford, се супермоделите Rhiannon McConnell i Tami Williams, во соба украсена во vintage декор. Во краткиот филм можеме да видиме како Gucci ја замислува забавата со танц – што нам ни изгледа совршено за типично дело на Wesa Anderson!