За мене фотографијата е друг свет, нешто различно,место каде што можеш да одиш катадневно и да сонуваш колку што сакаш.Немаш ограничувања, се зависи од тебе и твојата фантазија.
Пред да фотографирам, замислувам каква треба да биде сликата. Размислувам за ситуацијата која би сакала да ја создадам. Секогаш ги запишувам моите идеи на хартија, понекогаш и цртам што сакам да креирам со таа идеја. Кога се навраќам на моментот на фотографирање, посакувам да можам повторно да ги почувствувам истите емоции од тогаш. Исто така сакам да патувам и да откривам нови места. Секогаш се трудам да најдам врска помеѓу моделите и природата. Сакам да раскажувам приказни со моите слики, да инспирирам луѓе. Се надевам дека ќе ми се придружите на моето патување.
од Јована Рикало