Дозволете ни да Ве запознаеме со извондредната работа на дваесет и пет годишната Тања Вукобрат од Скопје.
Следејќи ја страста кон цртањето, оваа млада уметница твори активно веќе шест години. Главно, инспирацијата ја црпи од филмовите, аниме, стрипови, музиката и компјутерските игри. Се стреми да стане илустратор за игри, постојано усовршувајќи се со креирање на концепти за карактери. Вукобрат моментално работи на хонорарни проекти а заедно со нејзиниот тим работат и на креирање на сопствена игра.
Тања има и самостојна изложба зад себе во „Кафе Ли“ насловена „Les Femmes”.
На изложбата, центарот на внимание го заземаат жените. Преку боите, текстурата и експресијата на девојките е претставена нивната нежност, елеганција и естетика.