На фотографијата чиј автор е Jason Ortegо, ги гледате познатите насади со бамбусови дрва кои се наоѓаат на периферијата на Кјото, Јапонија. Низ нив има патека по која може да се прошета и да се ужива во прекрасната глетка наоколу, особено кога сончевите зраци се провлекуваат низ дрвјата и се чини како да сте дел од некоја бајка. Ова место е позната туристичка локација во Кјото и секојдневно привлекува илјадници посетители. Навистина магично, нели?