Слушнете ја новата песна на Дуке Бојаџиев и Каролина!
Музика, текст и аранжман: Дуке Бојаџиев
Дело – “Touch” на Михаил Корубин
Видео – изработка: Александар Златановски
Песната e поставена на Јутјуб и на официјалните Фејсбук профили на “Авалон” продукција, на Каролина и на Дуке Бојаџиев. Музиката, текстот и аранжманот за песната ги напиша Бојаџиев. Соработката помеѓу Дуке и “Авалон” започна летово, кога продукцијата ги организираше двата негови концерти во Битола и во Охрид, на Хераклеја и во Античкиот театар со проектот “Сон, верба, љубов” кои се одржаа минатиот месец. Ова е прва соработка помеѓу Каролина и Дуке Бојаџиев.
Уживајте!