За сите оние кои се љубители на малите ентериери, ви претставуваме уште еден деликатес: мобилна куќичка од само 37 метри квадратни, која привлекува внимание со своето весело уредување. Станува збор за дом на млад пар кој сака да патува и често го менува местото на престој. Дизајнерката на ентериер Kim Lewis ги земала предвид сите нивни желби, па осмислила животен простор кој најмногу соодветствува на начинот на живот кој го водат станарите. По уредувањето раскошни холивудски вили, ова за неа било вистински предизвик и работа во која навистина уживала. Просторот требало да биде испланиран и уреден така што ќе биде функционален, а истовремено се’ убаво да изгледа. Од малата кујна, па се’ до спалната соба и секој детаљ, можеме да заклучиме дека дизајнерката во целост успеала во намерата. Површината е паметно и рационално искористена, амбиентот е ведар, оптимистичен и полн со бои, а преовладува боемскиот призвук во дизајнот. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената идеја и за вашиот дом.
Бохо куќичка од 37м2
Мини дом со чисти линии, богати текстури и смели бои.