Познатиот шведски моден бренд H & M, овој месец не израдува со веста дека ја подновија својата линија на панталони! Нови, модерни парчиња и силуети кои досега не сме ги виделе во понудата на овој high-street бренд, тотално не воодушевија и денес ние ви прикажуваме дел од моделите за оваа есен.
На моделот Ginta Lapina, можеме да видиме дел од новите модели – од популарните ѕвонарки до комбинезони и кожни модели. Lookbook-от на H & М никогаш не изгледал подобро! Со оглед на тоа што го гледаме опсегот на црната и белата боја, очигледно е дека тоа е хитот на сезоната.





