Поп-ѕвездата Ријана, на најдобар можен начин ја продолжи соработката со Диор, како нивен амбасадор стана насловно лице на единаесеттото издание на нивниот Dior Magazine.
Оваа убавица од Барбадос, позираше пред камерата на Craig McDean, од глава до пети облечена во новата колекција на Raf Simons за есен / зима 2015. Едиторијалот е отелотворување на Ријана, која совршено ги носи моделите од мрежа, кожа и парчињата со принтови. Позирајќи покрај столот од плексиглас во тесни фустани, капути и неверојатни миди-здолништа – пејачката докажа, зошто ја сметаат за една од најсмелите модни икони на денешнината.
Во галеријата можете да видите дел од едиторијалот, кој го полудe модниот свет!

