Музејот посветен на животот и делото на маестралниот сликар Винсент Ван Гог во Амстердам, кој беше изграден во 1999, доби нов и освежен изглед, и однадвор и одвнатре. Внатре, музејот доби едно целосно ново крило, кое беше отворено за посетители на 5 септември, со што се доби дополнителен простор од 800 метри квадратни- инвестиција која се смета дека ќе го зголеми бројот на посетители. Што се однесува до надворешниот дел пред музејот, направен е лавиринт од 125 000 сончогледи во чест на познатата серија на слики на Ван Гог.