Островот Кихну се наоѓа на Балтикот, поточно во Естонија. Интересен факт за овој остров е дека овде владее матријахатот, односно жените го имаат главниот збор. Жените се тие кои што ги носат примарните одлуки, бидејќи нивните мажи се во поголемиот дел од годината отсутни од своите домови. Тие работат на товарните бродови или се риболовци, па затоа нивните сопруги се грижат за свиоте семејства, а во исто време се занимаваат со политика и се разбира со сочувување на највредното нешто а тоа е секако нивната традиција. При посета на овој остров пред вашиот траект најпрво ве дочекуваат прекрасните огромни галеби, а потоа ќе ги забележите преубавите куќи обоени во пастелни бои. Летото е преубаво на овој остров додека во зима тоа потонува во снег и мраз. Културата на Кихну е под заштита на УНЕСКО од 2003 година. Тамошните жители се вистински чувари на својата богата традиција која вклучува посебни танци, носии и повеќе од 1700 дијалекти. Интересно е тоа што нивните здолништа се идентични на здолништата на жените во Перу, а се оддалечени ни помалку ни повеќе туку цели 12.000км. Во продолжение погледнете делови од нивната интересна култура!!