Smart Up претставува уникатен концепт за мотивирање на младите, поттикнувајќи ги да ги развијат своите претприемнички вештини. Бидејќи младите се движечка сила во општеството, ние сме уверени дека овој концепт на мотивирање кој се применува низ целиот свет, станува успешен и во Македонија. Приказната на овие млади лица нека биде и ваша мотивација за понатамошна лична и професионална реализација.
Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на третата Smart up конференција на која 8те најуспешни учесници на втората Start Up Академија ќе ги презентираат своите бизнис идеи.
Покрај нив, ќе ги слушнете и успешните животни приказни на Ѓорѓе Војновиќ и Анита Латифи!
Дополнително ќе бидат изложени фотографиите од Третиот фото натпревар, и ќе бидат прогласени победниците