Како што веќе многупати сме констатирале, за уметноста не постојат ограничувања. Денес, ви ги претставуваме делата на талентираната Jo Chorny, која со нож за хартија прави форми кои прикажуваат силуети од животни и сето тоа изгледа како прекрасно уметничко дело. Во позадината на фигурите е небото, што дава уште повпечатлив изглед на хартијата, со тоа што изгледа како вистинска уметничка слика.