Базиран на една од најпопуларните и најпродавани видео игри, „Агентот 47“ е едно ново филмско претставување на врвниот и генетички создаден убиец, познат само како 47.
Постои теорија дека овој број се појавува почесто од другите! Дали станува збор само за случајност или има нешто повеќе зад загадочниот број 47? Имено, во светот постои „Друштво 47“ тврди дека овој број има посебно значење, односно дека овој случаен број се појавува почесто од другите.
Споменатото здружение му се посвети на истражувањето на овој интересен феномен и тврди дека бројот 47 се појавува почесто од другите. Овој феномен за првпат бил забележан на колеџот Помона од професорот Доналд Бентли, кој сакал да ја докаже својата теорија за бројот 47 и неговата зачестеност. Иако многумина сметаат дека ова е само случајност или само обична интересна теорија, оние кои се нејзини приврзаници наоѓаат „докази“ кои им одат во прилог. Има многу примери, а некои од нив се – должината на пит-стоп патеката во Индијанаполис (47 стапки), Женевската конвенција ја потпишаа 47 држави, Садам Хусеин имал 47 бункери, за филмската награда Оскар право на глас имаат 47 членови…
Најновиот пример е ,,Хитмен: Агент 47’’, новиот филм снимен според од најпопуларните и најпродавани видео игри. Овој акционен филм е во режија на Александер Бах, додека главните улоги ги толкуваат Захари Квинто, Руперт Френд и Циара Хиндс.
Агентот 47 e познат по двете последни бројки на неговиот бар код кој му е истетовиран на тилот. Претставува врвен дострел на децениско истражување и е клон на претходниот Агент 46. Има непредвидливи сила и брзина, а згора на сè тој е натпросечно интелигентен. Последната мета на Агентот 47 е корпорацијата која сака да го открие неговото минато за да создадат војска од уште поефикасни убијци. На оваа задача Агентот 47 ќе дознае многу нешта за своето потекло, но и ќе ја запознае девојката која е единствената што ја поседува информацијата што ѝ е потребна на корпорацијата. Токму поради неа Агентот 47 ќе ја започне битката со својот најсмртоносен непријател.
Премиерното прикажување на „Хитмен: Агент 47’’ пред македонската публика беше на 27.08.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.