Дали некогаш сте се нашле во незгодни ситуации, каде што не сте биле во можност да го користите мобилниот, бидејќи ви пречи чадорот во рака? Тоа, секако е затоа што, производителот на чадори не го модернизирал производот. За среќа, корејската компанија KT Design го направи тоа. „The Phone -Brella“ не е само обичен чадор, тоа е ограничено издание на подарок за нивните купувачи, на кои им обезбедува богата мобилно искуство.
„The Phone-Brella“ има ергономски зафат во C-форма, која е поставена околу зглобот на корисникот. Долната половина на рачката делува како анти-тежа, која го балансира објектот и со тоа му помага на рамето да има добра подршка. Притоа двете раце се слободни, како би можеле слободно да го користите вашиот мобилен телефон, за раземена на пораки, прелистување на вебстраници како и навигација.
Иако можеби од нас прави дури и поголеми мобилни фанатици, мора да признаеме дека овој чадор ќе биде добредојден.