Зак Ефрон во улога на надежен ДЈ кој што се бори да го изгради својот пат во електронската музичка сцена.
Музиката ги исполнува нашите животи. За многумина од нас кога еден ритам ќе ти влезе под кожа, тогаш го попушташ звукот на омилената песна, или го бараш на Шазам, а многу често и го игнорираш звукот кој те опкружува. Честопати вистинската песна знае да те врати во минатото, да евоцира одредени спомени од некое место и време и ти дозволува да се пропатуваш во тој момент.
Во филмот ,,Ние сме ти пријатели’’ Зак Ефрон ја толкува улогата на Кол, младо момче кое се труди да се пронајде себеси во животот, знаејќи дека има дарба за музика која ќе му помогне да го открие неговиот животен пат. Ефрон изјавува: „Тоа што ми се допаѓа во приказната е што кажува многу за тоа како е да си младо момче кое се спознава себеси, трудејќи се да ги исполни своите аспирации, големи сонови и низ што се треба да помине за да ги оствари соништата. Ништо не ми само така понудено на Кол, тој мора да го оствари тоа.“
На тоа режисерот Макс Џозеф додава: „Од секогаш сакав да направам филм за децата кои само што завршуваат средно школо или колеџ и продолжуваат со својот живот. Тие се наоѓаат пред бездната на полнолетството и се трудат да го одберат вистинскиот правец во животот, и покрај сите искушенија кои ги имаме во младоста: дрога, секс, забави, автомобили. И поради тоа што сите ние имаме некој „саундтрак“ во животот, објавувајќи го токму него во музичкиот свет носи една убава енергија во филмот. Без возбуден од можностите.“
Премиерното прикажување на „Ние сме ти пријатели’’ пред македонската публика беше на 27.08.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.