Уметноста — е човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија.
Во Европа, од крајот на 18 век, овој поим главно се однесува на производите на таканаречените „убави уметности“, како на пример скулптурата, сликарството, архитектурата, графиката, но исто така и музиката, танцот, поезијата, и литератутара. Подоцна на тоа, меѓу другото, се додават и кујната, кинматографијата, театарот, фотографијата, стрипот, телевизијата, односно, дигиталната уметност. Класификацијата на уметностите не е универзална и да се бара единствена класификација, се чини невозможно.
Оваа концепција на уметноста како автономна активност, како продукт на предмети од страна на уметници кои се во потрага по убавото, согласно судот на вкусот, датира од периодот меѓу 18 и 19 век. Но честопати се смета дека модрената и современата уметност, го напуштиле поимот на убавото и на безвременскиот стил за да ги прифатат принципите на трансгресијата.
Наједноставната дефиниција за поимот уметност е дека таа е творештво на човекот. Иако денес под поимот уметност најчесто обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност постојано ќе се менува низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата – дека поимот уметност се однесува на сите креативни и творечки дејствија на човекот, со исклучок на дејствата директно поврзани за опстанокот и репродукцијата. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како науката преку алхемијата и религијата преку шаманизмот.
Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.
Создавањето на Адам (1508-1512), Микеланџело,Сикстинска Капела (Ватикан)
Ника од Самотрака
Mодерен Балет
Инсталација
Мода
Видео игри