Љубов – Кај слободните овнови, постои заинтересираност за две личности. Едната ви е многу блиску и лесно е да ја освоите, додека другата е моментално недостапна или се однесува мистериозно, па така ви создава уште поголема заинтересираност за неа. Темпераментни сте и во освојувачка мисија, а личноста по која сте силно заинтересирани ќе ја освојувате со внимание и галантност.
Работа – Задоволни сте како се одвиваат плановите и се повеќе сте свесни, дека сте на чекор до исполнување на вашата цел. Некои поранешни, неискористени деловни можности, повторно доваѓаат на дневен ред и овој пат сте спремни да вложите многу повеќе труд. Ви следи состанок со личност која ќе ви понуди нов и успешен проект.
Здравје – Единствено што е актуелно оваа недела е заморот. Не се штедите. Потребно ви е повеќе одмор.
Бик
Љубов – Можеби љубовниот живот не функционира совршено, но вие се чувствувате подобро од порано. Јасно ви е дека со некои луѓе дефинитивно завршивте и сега можете растеретени да се свртите кон иднината, која за прв пат ја гледате како нешто подобро за вас. Ви следи ново познанство. Не брзајте. Оставете работите сами да се развиваат.
Работа – Во почетокот на неделата можеби ќе дојде до некој проблем со најблиските соработници и колеги, но многу брзу ќе се реши на заедничко задоволство. Се ќе биде во ваша корист.
Здравје – Одличен период за оправување.
Близнаци
Љубов – Премногу очекувате од едно ново запознавање и возможно е да во контактот со таа личност направите грешки од брзање. Другата страна, може на вашето инсистирање на контактот, да одговори со молчење или дистанцирање. За новите почетоци многу подобар период е вториот дел од неделата.
Работа – Добро разгледајте ја понудата која ќе ја добиете, без разлика на тоа што на прв поглед ви се чини доста примамлива. Не се залетувајте, подобро чекор по чекор, поспоро е, но тоа е вистинската шанса за успех. Вашите позиции се доста добри, преголемите очекувања само ве водат кон фрустрации, бидејќи не го добивате тоа што го сакате.
Здравје – На почетокот на неделата можни се стомачни проблеми, но брзо ќе поминат
Рак
Љубов – не може да се каже дека седмицава што следи ќе бидете заинтересирани за контакти со спротивниот пол. Не сте спремни со некого, емотивно да се врзете и предадете. И понатаму сте упорни во тоа, врската да ја третирате како авантура со личноста која се гледате.
Работа – Колку и да се трудите, вистинска комуникација со колегите и соработниците тешко ја остварувате. Некои информации кои ќе ги добиете, нема да ве расположат или ќе ве фрлат во размислување, дека сте опкружени со личности од недоверба. Не очекувајте премногу од некоја нова работа. Стабилизација на работното место ви следи во втората пловина од седмицата.
Здравје – Вртоглавица и стомачни пробелми, консултирајте се со доктор.
Лав
Љубов – Кај слободните лавови владее заинтересираност за две личности. Едната ја познавате од порани и многу ви се допаѓа, но таа ве држи на дистанца и не сте сигурни дали си поигрува со вас. Другата, ја познавате од скоро, ви возвраќа на вашите удварања, дури и самата ја превзема иницијативата за состанок со вас. Но бидејќи сте внимателен и малку спор оваа недела, тешко дека ќе направите некој конкретен чекор.
Работа – Ова може да биде исклучително важна деловна недела. На работното место на почетокот на неделата ќе има промени кои не ви одговараат, но многу брзо ситуацијата ќе се промени и можеби ќе добиете значајно признание, можеби финансиска добит, или пак нова позиција на работното место. Совет, прифатете го тоа што ќе ви биде понудено.
Здравје – Одмарајте повеќе.
Девица
Љубов – Во емотивната или брачната врска, јасно ќе му речете на партнерот дека е време работите да се постават на поинаков начин. Вие сте спремни да го направите прбиот чекор и тоа исто го очекувате и од партнерот. Партнерот во текот на оваа недела е спремен да ви угодува и да ви излезе во пресрет, така да заедничките релации ќе бидат на исклучително високо ниво.
Работа – На почетокот од оваа недела ќе бидете загрижени, заради деловните резултати кои не се во согласност со вашиот труд. Иако некои деловни зделки изгледаа исплатливи, сеуште не ја гледате финансиската сатисфакција од нив. Сепак, ова е добра недела, само треба да ги заобиколите некои ситни пречки и се ќе функционира многу добро.
Здравје – Одлично
Вага
Љубов – Иако на вашиот партнер му го покажувате вашето насмеано лице, некоја длабока несугурност се вовлекла во вас. Претерувате со вашите размислувања и најмалите ситници ги величате, не ги расипувајте односите со партнерот. Среќа ваша, што партнерот има разбирање за вас иако и нему не му е јасно што толку многу ве теши и ви посветува внимание.
Работа – Ќе ве навредат некои зборови од колеги упатени кон вас, но вие ќе останете мирни. Запомнете дека со некои колеги треба да ги решите работите кога ќе дојде време за тоа. Сега ви е потребна добра организираност за да излете на крај со зголемените работни обврски и не сакате да губите време на неважни работи и луѓе. Во втората половина од седмицава значајна добит на работното место.
Здравје – консумирајте повеќе течности и внимавајте на алегии
Шкорпија
Љубов – Во текот на оваа седмица во емотивните врски и брачните односи, не би требало да има некои промени од секојдневната рутина. Шкорпиите чувствуваат некоја нервоза, која нема врска со емотивните односи, туку заради деловни обврски. Ќе забележите дека одреме – навреме сте строги во комуникацијата со партнерот, така да ќе морате да повлечете рачна кочница. Вториот дел од неделата ќе ви донесе повеќе убави моменти со партнерот.
Работа – На чекор сте до целта – се е потврдено со конкретни случувања. На некои шкорпии, оваа недела ќе им донесе нова позиција на работното место, на кое долго чекавте. Вашиот енергетски потенцијал е таков да никој не може да го намали ниту пак сруши. Уживајте во заслуженото.
Здравје – Високо енергетско ниво
Стрелец
Љубов – Стрелците – оваа недела, без разлика дали се во емотивна врска или брак, ќе бидат свртени кон флерт и авантуристичко однесување. Партнерот ви е досаден, бидејќи не може да ве прати. Внимавајте да не бидете откриени и да направите поголем проблем со партнерот заради авантурата. Некој можеби ќе ве инпресионира во втората половина од седмицата.
Работа – Еден план ќе ви се исполни подобро од што очекувавте, се разбира со многу ангажирање и време. Зграбете ја секоја прилика која ќе ви се укаже и искористете ја. Можеби ќе побарате помош од некого кој е на многу висока функција. Можна е соработка со странци.
Здравје – Исрпени сте, возможни вртоглавици и пад на шеќерот
Jaрец
Љубов – Понекогаш, самите не се разбирате. Кога работата е во прашање, спремни сте да и се посветите додека не доведете се, во совршен ред, а во љубовта за такво нешто не сте спремни. Ангажирајте се повеќе во љубовта, бидејки партнерот не може сам да ја одржи врската. Немојте да се изненадите ако во септември ви се случи криза, после ќе биде доцна за каење.
Работа – Следат измени на работното место. Само треба да го решите вашето нетрпение, кое е очигледно. Решете некои работи со документи, кои сте ги одложиле. Комуникацијата со странци или државни фирми дава резултати ,поголеми од очекуваните. Вториот дел од неделата ви носи конкретен деловен договор.
Здравје – Се чувствувате добро.
Водолија
Љубов – Оваа недела во емотивните врски, ве следат мирни и позитивни случувања. Можеби сте заборавиле на некое ветување дадено на саканата личност кое ќе ви предизвика тензија. Но ако на време се извините, се ќе биде функционално.
Работа – Кога работните задачи се во прашање, ги завршувате на време. Работите ќе ви одат полесно, одколку што очекувавате. Вториот дел од неделата е добар за договори и некои конкретни чекори со нови деловни контакти. Ви следи нов деловен предизвик.
Здравје – замор
Риби
Љубов – Во љубовта, поголеми очекувања а помала реализација и исполнување. Ќе запознаете личност која потполно ќе ве инпресионира, ќе бидете потполно збунети, бидејќи не сте во можност да ја водите играта. Додека за останатите кои се во брак , партнерот се однесува арогантно и не ги прати вашите желби. Но, во вториот дел од неделата, ви следат разбирање и добри комуникацијски односи со партнерот.
Работа – Оптеретени сте со работни обврски но без никаква реална основа. Имате многу работа и ја завршувате на време. Непотребно драматизирате и ја кревате тензијата кон себеси и кон луѓето со кои работите. Ви следи разговор и голема понуда за работа со еден значаен соработник.
Здравје – Добро