Модерен дизајн, елеганција и функционалност се напредните стандарди во модерното банкарство. Да да, точно прочитавте, зборуваме за банка, не за нов автомобил, уредување на домот или нови технолшки уреди.
Германска банка донесе ваков стандард за естетика, брзина и практичност и кај нас. Банката на ПроКредит е пионер на модерното западноевропско банкарство во Македонија. Ја ребрендираше перцепцијата за тоа како треба да изгледа банка. И искрено многу ни се допадна. Отворениот простор, големите стакла и комплетната транспарентност се главните карактеристики кои даваат светлина и енергија однадвор и ја преточуваат во пријатна атмосфера.
Иновативно и ултра модерно, технолошки напредно и минималистички, влегувате во комлетно автоматизиран и практичен дел каде можете да ги извршите своите плаќање во секоје време, 24/7.
Удобно, светло, со фокус на клиентот.. На располагање Ви е дел за советување и разговор, каде може да се задржите подолго за да разговарате за Вашите потреби и соодветните услуги.
Урбано, ведро, уникатно.. Избор на живите бои жолта, сина и виолетова ви даваат чуство на живост и ведар дух, материјалите од дрво и прекрасен избран штоф даваат топлина и пријатност. Комплетно уникатни парчиња.
На кратко-модерно на западноевропско банкарство и кај нас. Практично и според модерниот животен стил-и за бизнис и за физичко лице.
Photo by – Andrijana Tilic