Вашиот дизајн на градината во дворот, е совршен пат кој води до вашиот личен стил, кој им кажува на другите што можат да очекуваат во вашиот дом, без да поминат низ влезната врата.
Денес, ние ви нудиме клучни совети од суштинско значење, за креирање на модерен пејзаж на вашиот двор (но не заборавајте на сопствениот стил и личност).
Негуваните градини се многу модерни
Во рамките на еден модерен дом сè си има свое место, владеат чисти линии а нередот е строго забранет. Истите принципи на проектирање треба да се применат и за создадавање на идеална и модерна градина.
Всушност, модерниот пејзаж е спротивен од англиската градина, каде, елеганција е кога растенијата слободно растат и го превземаат просторот. Растенијата во современиот пејзаж се контролирани и се сместуваат во точно определен простор, од чии димензии не смее да се излезе. Исто како птица во кафез – можат да и се восхитуваат на убавите пердуви, но не смее да се излезе од кафезот.
Геометријата на модерен дизајн на екстериерот
Квадрати, правоаголници, кругови, триаголници … сите овие едноставни форми имаат свое место во модерниот дизајн на екстериерот.
На пример, рамната камена патека ве води кон надворешниот простор за седење кој е дефиниран со квадратот направен од зеленика а потоа со кружните скали ќе стигнете до надворешниот базен и така понатаму.
Затоа, најдобро е да изберете растенија, кои се лесни за формирање на нивните облици.. Еве само неколку растенија кои можат тука да се сместат,
зеленика
кедар
трска трева
succulents
јапонски јавор
Додате и на вашата градина малку Зен атмосфера
Повеќето модерни домови имаат барем малку Зен атмосфера . Истото важи и за дворот, Зен нуди мир, тивко место да се седне и да се релаксира, да заборавиме на грижите. Вашата надворешна градина, сигурно ќе треба да ја понуди гореспоменатава Зен атмосфера.
Еве неколку совети.
Водата е клучен елемент. Додадете фонтана, поточе, базен или езерце со риба (изберете еден елемент). Додадете ограда од бамбус, како и елементи на јапонската градина со помош на песок или камења.
Избегнувајте нападни растенија со силни светли бои. Држете се до неутралните растенија за смирување на атмосферата.
Користете главно зимзелени растенија, кои нудат боја низ целата година.
Вклучете камења, клупи и можеби статуи.
Обликувајте го дворот со користење на камени блокови
Камените плочи се важна алатка со кои се користи модерниот дизајн. Тие се користат како сегмент на пејзажот, кои водат од една надворешна соба кон друга.
И бетонот може да се користи за создавање на квадратен пат до базенот или рибникот. Тие патеки не морат секогаш да водат некаде – може да се користат само како алатка за визуелно да се обединат во дизајнот.