Во северниот дел на централна Кина на околу 600 милји западно од Шангај, во провинцијата Ганса се наоѓа вистинско сликарско платно, со неверојатна големина дури од 400км2. Се работи за планините Danxia прошарани со сите бои на спектарот, црвена, жолта, бела, плава, наранџаста и многу дрги. Главни елементи од кои се составени овие формации се црвен песок, кал, и најразлични камења. Планините се формирани од најразлични ерозивни процеси кои се случувале во земјината топка. На тој начин на слоевите на карпите се појавуваат се појавуваат најразлични бои но и се се формираат во најразлични облици. Овој природен феномен кој едноставно ви го одзема дахот при погледот на негоникого не го остава равнодушен. Најубаво време за посета на ова преубаво место е рано наутро или на зајди сонце кога боите се највпечатливи.