MAC неодамна го отвори своето прво makeup studio во Upper East Side во Њујорк. За разлика од своите десет постоечки продавници во областа на Менхетен, акцентот не е ставен на продажбата на производите, туку обезбеди простор за шминкање, целосно посветен на своите makeup уметници и експерти.
Во просторот од 88 квадратни метри, се чувствува изненадувачки интимна атмосфера. Шест столици наредени веднаш во центарот на студиото, го прават ова студио оаза за шминка и убавина. Ладните и топли тонови на освелување, создаваат природна светлина, но иако целиот асортиман е достапен за купување, продажба е многу дискретна. Наместо полиците за продажба, ѕидовите се покриени со задимени огледала и огромни нашминкани ликови со потписот на MAC.
Па така ќе бидете во можност да слушнете лекции и совети за убавина, прилагодени за клиенти со лични преференци и да побарате помош од експерти. Професионалните шминкери, исто така ја нудат шминката на MAC за секој работен ден или за гламурозна вечера.