“Помпони”, или шарени топчиња направени од меки материјали најчесто ги поврзуваме со зимски или детски стил на облекување. Помпоните посебно оние поситните се значаен елемент во етно-стилот и неретко ги украсуваат традиционалните носии, накит и верската облека. Ова лето помпоните се вратија на на голема врата на meinstream во модата. Можеме да ги видиме како украси на торбите, марамите, кафтаните, сандалите, накитот. Им даваат посебен шарм и разиграност на модните комбинации со воите живи бои и едноставниот стајлинг.
Интересно,зарем не?!