Летната сезона е во полн замав, топлината и високите температури се исклучително високи, а за некои омилени ѕвезди и селебрити личности, ова лето главната дестинација е дефинитивно – Италија! Неверојатни фотографии кои ги објавуваат секојдневно на социјалните мрежи, не може да ни помогнат, додека седиме во канцеларија под клима …
Прекрасните фотографии од италијанскиот брег на кој се одмараат некои од омилени трендсетери, модели и популарни пејачи, ја будат одеднаш желбата во нас да летуваме на Медитеранот. Оливија Палермо ужива во Позитано, Бијонсе со нејзината ќерка Блу Ајви во Фиренца, а Рис Витерспун ја открила страста за сладолед во Рим.
Собравме два плус два и заклучивме дека Италија ова лето е дестинација каде што е важно да бидете видени. Ciao!