Летото нè потсетува на тропите, морето и цвеќињата, но како да го комбинираме стилот на урбаната џунгла и preppy стил? Иако звучи неразумно или компатибилно тешко, всушност тоа е многу можно, токму оној вид на облека може да се најде во малку поскапи продавници и едноставни квалитетно скроени парчиња по ваша мерка кај добар шивач.
Чувството на слобода и мир што ни го будат летните денови, длабоко е вкоренет во брендовите Joop!, Strellson, Paul Smith, Canali i Church’s во летните колекции. Класичните чевли, речиси целосно ги заменија скејтерските модели на патики, украсени со шминкерски цветови и Paisley шема, кои даваат доза на елеганција и заводливост за сите прилики
Моделите на ранци, се доволно големи за сите гаџети, се надоврзуваат на урбаниот летен стил на модерниот човек ,со своите графички мотиви и необични кројки. Летните мајци, со измиени тексас цветни маскирни отпечатоци на карго шорцеви, совршено го надополнуваат preppy поло маиците и класично кроени машки елеци